Нашите Охридски бисери

За нас

Татко на Климент, Ване иноватор на Охридскиот Бисер

Продажба на Охридски Бисери 1935 год

Кралицата Елизабета носи Охридски Бисер направен од смејството Талеви

Таткото од Климент - Ване во работилница 1935

Нашата долга традиција

Фамилијарниот бизнис го почнале неговиот татко Ване (сликата десно) и Стрико му Михаил, кои во 1924 година од некој човек во Русија, за 25 наполеони купиле формула за правење бисер. Михаил од Витлеем купил материјали за изработка на бисери и така почнале да работат.

Имотните луѓе почнале да купуваат од нив, зошто само богатите луѓе можеле да си ги дозволат бисерите. Во дуќанот доаѓале трговци, сопственици на банки, млади индустријалци и купувале бисери за свршениците и за сопругите. Тогаш бисерите не се викаа охридски. Тоа име го добија во 1935 година. Трговиците од Битола и од Скопје, кои најмногу купувале, кажувале дека одат во Охрид по бисер, да купат бисер во Охрид и така го добиле сегашното име – раскажува Талев.

Охридските бисери се многу ценети и барани во светот. Тие се изработуваат од седеф и од школки, кои Талеви ги набавуваат од странство. Секое зрно бисер тие го изработуваат рачно, за што издаваат сертификати. Пред да почне со работа,Талев ги става зрната бисер на чепкалки и ги реди на дрвена штица долга еден метар. Секое зрно се премачкува со специјална емулзија, која е семејна тајна.

Работиме само со природни материјали. Дури и четчето со кое ги премачкувам бисерите е изработено од влакна од верверичка или од коњ. А емулзијата ја има истата формула што ја купиле татко ми и стрико ми во далечната 1924 година – вели Климент Талев.

Секој бисер се мачка пет до шест пати, а од едно до друго мачкање треба да поминат најмалку 45 минути до еден час, за добро да се исушат. Талев вели дека не е препорачливо бисерите да се нижат истиот ден кога се направени, туку е најдобро тоа да се прави следниот ден.

Многу познати личности од Мaкадонија и од странство носат бисери од Талеви. Едни од нив се претседателот Бранко Црвенкоски, амбасадорката на Кина, сопругата на Јапонскиот амбасадор, вице премиер на Луксембург, сопругата на МНР на Тајван, МНР на Р. Бугарија - Н. Михајлова, Г-ца Фалк Ал Хасад - сестра на Сирскиот крал, Г-ца Евелин Херфкенс - Холандија, Ана Линд МНР на Шведска, Марија Тисен - НАТО, Ридер - Австрија и др.

Работниот процес

На сликите е прикажано како Климент и Ване ги премачкуваат бисерите, рачно, технологија стара повеќе од 90 гоини.

Македонски денар: како сè започна? Откријте ја фасцинантната приказна за воведувањето на националната валута на Македонија, нејзиното значење за економијата и независноста на земјата. Погледнете ја нашата страница и дознајте повеќе!

Сертификат "Коректна Фирма"

Оригинален "Охридски Бисер Талеви"

Златен медал Еурека 2001

Во 2001 година, на саемот за иновации и рачна изработка “Еурека“ во Брисел, Талеви освоија златен медал за рачна изработка на бисер во конуренција од над 45 рачни изработки од целиот свет

Благодарница, пофалница- -Република Хрватска

Диплома Еурека 2001- -Брисел

Сертификат од Министерство за Економија на Македонија